еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор за наставникот од Чегране кој допирал и бакнувал ученичка на деветгодишна возраст

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

„Осомничениот наставник, на 29 јануари, во училиште во селото Чегране, извршил полови дејствија врз ученичка на возраст од 9 години. Тој за време на паузата за одмор ја повикал оштетената да оди кај него во училницата, ја допирал и ја бакнувал, при што со мобилниот телефон направил заедничка фотографија со девојчето. Кога оштетената малолетничка излегла од училницата, осомничениот и кажал дека повторно ќе ја повика.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност тој да го повтори делото или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците.

Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, информираат од Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести со препораки за „мајмунските сипаници“

Редакција

„Македонски Телеком“ ги зголеми приходите и добивката

Редакција

Минатата недела во Охрид 50, во Струга 52, а во Дебар 13 нови случаи на заразени со корона вирусот

Редакција