еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„НАТО е клинички мртов“, вели Макрон, Русија го поздрави

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за британски Економист вели дека НАТО е на умирање, а Европа е на раб на бездна.

Тој ги предупреди членките на европските земји дека веќе не можат да се потпираат на САД, односно дека од САД веќе не може да се очекува да застане во одбрана на земјите членки на НАТО.

„Она низ што минуваме во моментов може да се опише како клиничка смрт на НАТО. Европа е на работ на бездната“, вели Макрон.

На овие констатации на Макрон реагираше германската канцеларка Ангела Меркел, која вели дека речникот што го употребил Макрон бил суров и му порача дека не го дели неговото гледиште.

Официјалната портпаролка на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова пак изјавата на Макрон дека НАТО е „клинички мртов“ ја нарече вистинска сотојба на Северноатлантската алијанса.

„Златни зборови. Вистински зборови кои ја одразуваат вистинската состојба во НАТО. Меѓутоа, постои едно „но“. Како конкретно Европа може да ја контролира својата судбина? 20 век – две светски војни, 19 век и понатаму наназад низ вековите – бескрајни локални војни и „извоз на идеологии“ со помош на оган и меч“, напиша таа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Северна Македонија не ги плаши луѓето, половина земји членки на ЕУ се против старт на преговори со Албанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со хронични здравствени состојби 308 лица од заразените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Од куќа во Скопје украдени речиси еден милион евра чувани во ќеси

Редакција

Драматичен раст: 325 нови случаи на Ковид-19 од 5.959 тестирања, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција