еМагазин
Image default
Македонија

Навивачката група „Војводи“: Згрозени сме што не ставаат во ист кош со „Балистите„

Навивачката група на фудбалскиот клуб “Тетекс“ од Тетово, „Војводи“ се огласи на нивниот Фејсбук профил по повод обвинувањата дека за време на прославата на 30 години по улиците на Тетово, како и навивачката група „Балисти“, предизвикале инциденти и користеле навредливи зборови за Албанците.

„Викендот кој помина навивачката група Војводи Тетово приреди незаборавна прослава во која многу генерации имаа чест да ја видат верноста, бројноста и организираноста на една од најдобрите и најголемите навивачки групи во Тетово и Македонија.

Родеденот ќе остане запаметен по едно од најдобрите кортеа што Македонија го видела, и секако беспрекорно навивање за време на натпреварот со Струга. Исто така би сакале да се заблагодариме и на сите членови кои учествуваа во хуманите акции кои беа организирани од нашата навивачка група во прошлите 6 месеци.

Прославата на 30 години Војводи помина во НАЈМИРНА атмосфера БЕЗ НИКАКВИ ИНЦИДЕНТИ предизвикани од нашата навивачка група.

Згрозени сме од некои натписи во медиумите кои сакаат да не стават во ист кош со навивачката група на Шкендија, која не само што вербално нападна Тетовчани од македонска националност, туку и пробаа да демолира македонско кафуле во кои беа присутни граѓани од македонска националност највеќе девојчиња и мајки со малолетни деца кои немаат никава врска со Војводи Тетово.

Сакаме да ја запрашаме тетовската полиција зошто не ги примени истите мерки за претпазливост за навивачите на шкендија кои беа применети за нас? Зошто тетовската полиција не реагираше брзо и не уапси никој од навивачите на Шкендија кога се однесуваа варварски и каменуваа приватни локали само затоа што сопствениците се Македонци ? И дали тетовската полиција има контрола во нашиот град и може да ја гарантира безбедноста на граѓаните во Тетово ?

Како навивачка група одговорно тврдиме дека од наша страна немаше никакви ицниденти и бараме од МВР, ОЈО и сите медиуми да не ги ставаат Вовјоди Тетово во ист кош со нашите комшии варвари кои очигледно не можат да се соочат со нас и нашиот успех и мораат да напаѓаат недолжни граѓани и објекти.

И за крај би сакале да ги потсетиме навивачите на Шкендија на познатата македонска поговорка:
„Кога не можеш да удриш по коњот, удри по самарот„, е тоа сте Вие и исто сакаме да им порачаме дека кога ќе се одлучат да станат вистинска навивачка група, може да не најдат во Тетово и отворени сме да ги научиме на кодексот на однесување на навивачите„, пишуваат „Војводи“.

Фото: Војводи/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ги подбере ли некој навивачките групи?

(ВИДЕО) Навивачите на „Шкендија“ демолираа низ Тетово, ширеа говор на омраза и повикуваа на насилство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Незамисливо е Камчев кој „наводно“ дал 1,5 милиони евра да нема статус на оштетено лице, вели обраната на Боки 13

Редакција

Дескоска очекува Унгарија да ги почитува европските конвенции за екстрадицијата на Груевски

Редакција

Македонскиот разузнавач Грујевски кој беше уапсен во Хрватска останал без пасош

Редакција