еМагазин
Image default
Македонија

Назначени директори на 22 национални установи: Мартин Вучиќ е новиот директор на „Танец“

Назначени се директори на 22 национални установи во Република Македонија, информираат од Министерството за култура.

За директор на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ е назначен Мартин Вучиќ, на НУ Драмски театар – Скопје за директор е назначена Викторија Рангелова Петровска, на НУ Македонска филхармонија – Скопје за директор е назначен Виктор Илиевски, а на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје Нифие Селмани.

Симона Угриновска е назначена за директор на НУ Македонски народен театар – Скопје, Митко Штерјов  е назначен за директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, Ацо Манински за директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, а Тасе Перовски за директор на НУ за управување со археолошки локалитет „Стоби“ – Градско. Наташа Поповиќ е назначена за директор на НУ „Охридско лето“, а Тодорче Тасевски на НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

За директор на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола е назначен Бојан Стефановски, на НУ Конзерваторски центар – Скопје – Коле Чапкановски, На НУ Конзерватоски центар – Гостивар – Илбер Зулфиќари, на НУ Музеј Кратово – Богдан Таневски, на НУ Центар за култура Крива Паланка Мира Георгиевска, на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево – Методи Толевски.

На НУЦК „Бели мугри“ – Кочани за директор е назначена Александра Димитрова, на НУ Центар за култура – Дебар е назначен Артин Спахију, на НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово – Имери Исмаили Њомза...

Фото: Getty images/Sean Gailup

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе останат ли министри: Спасовски и Сугарески ќе почитуваат што и да одлучи Заев

Редакција

(Видео) Драган Спасов – Дац му подари метла, Заев вети чистка во Владата

Никола Осило

Јовески не открива дали и кога Катица Јанева ќе даде исказ за „Рекет“

Никола Осило