еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

НБРМ ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација во земјава со наслов „Заработете и штедете“, којашто од денес е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на централната банка, како виндоус и андроид-апликација.

Играта „Заработете и штедете“ е замислена, преку забава, да предизвика поголем интерес кај младата популација за штедењето и финансиите и со тоа да го збогати нивното знаење од оваа област. Играта е избрана на конкурсот за изработка на едукативна игра којшто НБРМ го распиша во февруари годинава. Нејзин автор е Маријан Зиновски, студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

„НБРМ верува дека играта ќе ја оствари целта за којашто е создадена – да придонесе кон повисоко ниво на финансиска писменост кај децата и младите. Централната банка и натаму ќе се обидува преку креативни и иновативни пристапи и решенија да вложува во финансиската едукација во Република Македонија“, велат од банката.

Фото: НБРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАПАС од утре започнува со активности по повод 15 Септември – Ден за пензиската свесност

Редакција

Како да отворите платежна сметка со основни функции: Што овозможува и колкав надоместок се плаќа

Редакција

(Видео) Ново едукативно видео на НБРМ: Дознајте повеќе за современите начини на плаќање

Редакција