еМагазин
Image default
Македонија

Не бев поканет на обраќањето на Пендаровски, тврди Мицкоски

Неканет гостин е недобредојден гостин. Не бев поканет ниту на инагуарацијата, а не бев поканет ниту на ова годишно обраќање на господинот Пендаровски, бидејќи првиот пат беше грешка на протоколот, а сега ќе слушнеме претпоставувам нешто слично без да има никаква одговорност, одговори денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање зошто не присуствувал на годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието.

– Така што лицемерието е на максимум, едно се зборовите, едно е реториката, она што го слушнавме може да кажам дека е една бледа копија на она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го зборуваме, но испораката за жал ја нема. На кратко не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на господинот Пендаровски, рече лидерот на опозицијата.

На прашањето како го коментира орбаќањето на Пендаровски, кој повика на граѓанско помирување, но и прочистување на судството, Мицкоски нагласи дека тој во обраќањето на шефот на државата не чул конкретна понуда за решавање на посочените проблеми.

– Видете многу е едноставно да се констатира што не е во ред како дијагноза, но прашањето е тие луѓе што имаат можност каков рецепт за надминување на таа дијагноза нудат. Но, јас не слушнав од обраќањето каква било понуда, освен неколку работи кои што ги ископирал од она што ние го говориме недели наназад, поврзано со одговорност не само на судии и обвинители, туку и на политичари, нивни семејства, поврзано со лошото функционирање на судовите, обвинителствата, изјави Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прочистување кај судиите, но и кај политичарите, порача Пендаровски во првото обраќање пред пратениците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внимателно: Магла по патиштата

Редакција

Заев: Не е точно дека Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар

Редакција

Во СДСМ се уште дебатирале за предвремени избори, можен е и консензуален претседателски кандидат

Редакција