еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Не чека ли ново понижување од ЕУ преку јалов обид за одложени преговори

Станува ли извесно дека Македонија повторно ќе биде понижена и оставена да чека датум за преговори со Европската Унија е прашање на кое се поверојатен е позитивен одговор ако се земе предвид дека амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на вчерашниот состанок во Луксембург не го усвоија предлогот на финското претседателство да се отворат пристапните преговори со нашата земја, а во меѓувреме да се усвои нова методологија за преговори која ја бара Франција.

Со тоа како да паѓаат во вода и последните надежи дека Франција ќе го промени ставот и дека ќе дозволи почеток на преговорите пред реформа на преговарачкиот процес.

Тоа нема да биде прв пат да се најдат аргументи против отварање на пристапните преговори со оглед на тоа што Македонија десет години добива препораки, кои за жал никогаш не се материјализираа.

Факт е дека ЕУ секогаш може да најде илјада аргументи против евроинтегративниот процес на нашата земја, па сега како такви се спомнуваат фијаското со Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како и бавноста на судскиот систем во спроведувањето на правдата кон обвинетите во случаите кои што произлегоа од прислушуваните разговори.

Останува да се види дали сега ЕУ ќе се извади на тоа што нашата земја ќе ја стави во пакет со Албанија или пак двете земји ќе се разгледуваат одделно, па преку некој модофициран заклучок со некакви услови ќе добиеме одложен датум за преговори, што би било само уште едно големо фијаско на европската политика.

Тоа би било во насока да се признаат напорите на актуелната власт во земјава која ваквиот епилог би го прикажала како голем успех.

За жал, без датум за преговори веќе никој не би можел да ги скрие катастрофалните резултати на Владата која го промени на името на државата врз база на јалови ветувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 490 нови случаи на Ковид-19 од 3.073 тестирања

Редакција

Караџовски: Концертите, забавите, групирањата без носење на маски се причините за зголемен број на случаи со Ковид-19

Редакција

“Дечки извинете, ќе може лична карта… и што ќе се напиете?“: Твитер реакции за најавата дека келнерите ќе легитимираат гости

Редакција