еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Не e само училиштето во Бутел: „Тик Ток“ мрежата се почесто открива вербално и физичко насилство од страна на наставниците врз учениците

Вознемирувачкото видео со насилство врз ученикот во училиштето во Бутел, е настан, кој што многу подлабоко треба да го загрижи македонското општество, од моменталната вознемиреност при гледање на истото.

Дотолку повеќе што, на социјалната мрежа „Тик Ток“ се повеќе се објавуваат видеа, на кои, во вистинско светло се гледа односот, наставник-ученик. Односот ученик-наставник, е друга, но не помалку поважна тема, за која прстот треба да се посочи, најпрво кон родителите.

Посуштинско е прашањето, каде да се бара изворот на едно вакво насилничко однесување на оној кој што, пред се, треба да биде пример за добро воспитување, а потоа да образува. Што децата да научат од наставник како тој во училиштето во Бутел?

Дотичниот, им одржа час дека ако не можеш да се надвладееш себе си во дадена ситуација, без разлика на силината на провокацијата, удри по другиот. Во овој случај врз дете, врз кое, прво немаш законско право, а второ, од чии што родители кои плаќаат даноци земаш плата.

Не е единствен.

Децата меѓу себе споделуваат видеа од наставници, посебно во основните училишта, на кои може да се види вербално насилство. И да нема видеа, децата со родителите низ разговори споделуваат информации од училиштата, низ кои точно се утврдува вербално насилство.

Навреди (глупи сте, ништо не разбирате) омаловажувања, дерење, одбивање да им се дообјасни нешто ако не им е јасно (со образложение) дека они не се таму да држат приватни часови, итн.

Зошто го правиш глуп, ако нешто не му е јасно?? Наставниците прво и основно, треба да ги потикнуваат децата да прашуваат, а не да им ја убиваат таа желба.

Наставниците во 21 век, нека ги заборават воспитните мерки од минатиот век, кои никако не можат да бидат прифатени и оправдани уште тогаш. Сликата на строг авторитет, која шета со стапче во раката и непослушниот го удира по врвовите на трите споени прсти од двете раце, одењето во лошо ќоше, може била методa која „палела“ кај некои минати генерации, но никако кај овие.

Денес, и добро е тоа што е така, новите генерации препознаваат насилство, ич не се глупи во тој дел. Природно знаат што е дозволено од страна на наставник, а што не. А сите знаат дека, никој нема право да врши физичко насилство врз нив, посебно во средина во која што треба да се чувствуваат безбедни, а посебно на час.

И затоа наставникот е снимен, и ќе бидат снимени сите оние кои ќе се дрзнат на едно вакво насилничко однесување кое ги вознемирува возрасните, а камоли децата.

За (не) среќа на социјалната мрежа „Тик Ток“ која што е најкористена од страна на учениците, се повеќе се споделуваат видеа со вербални и физички насилства од страна на наставниците, па некои од нив завршуваат пред очите на јавноста, а колку ли, се вртат само помеѓу децата. Прашајте ги дома, ќе ви кажат.

Политиката за (не) казнивост, е друга тема!

Секоја чест на исклучоците и навистина е нефер сите наставници да се ставаат во ист кош, секаква почит за нивната работа.

Но едно е сигурно, времињата се менуваат, но влијанијата врз психолошко-емоционалниот развој на децата, остануваат исти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Наставник шамара ученик во основно училиште во Бутел, го крева на раце и го треска

На разговор во МВР повикани лицата инволвирани во случајот со училиштето во скопски Бутел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија влезе во трета фаза, Куманово, Скопје и Дебар се во четврта: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Редакција

Доктор Кунгуловски: Додека ги донесете вакцините, намалете смртни исходи како знаете(ме) и умеете(ме)

Редакција

Каков имот пријавил Јовески, на кој му заврши мандатот како јавен обвинител

Редакција