еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не се враќа во Струмица: Премиерот Заев денеска ќе поднесе оставка

Според процедурата за формирање на новата техничка Влада, премиерот Зоран Заев денеска треба да поднесе оставка.

Оставката тој треба да ја достави до Собранието, а пратениците денеска треба да ја констатираат истата.

Нов технички премиер, ќе биде неговиот соопартиец, се уште актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Заев неодамна во интервју за МРТВ изјави дека по оставката ќе остане во Скопје и дека не се враќа во Струмица.

„Освен што таму живеам, ќе работам на сите политички ангажмани, за да можам да го добијам новиот чист мандат, во којшто ќе се посветам дефинитивно, уште повеќе на економските прашања и на севкупните трансформации и реформи на подобро, во нашата земја,“ рече Заев.

„Имам многу да работам, млад човек сум, не сум за пензија, владееја безмалку 12 години, 2 и пол години добив чест, и те како можам да сработам за мојата, за заедничката земја, која е и моја и на господинот Мицковски, ќе се потрудам да останам да ја вршам честа и одговорноста што ми ја даваат граѓаните, на еден чист мандат, на решени меѓународни проблеми, на интегрирана земја, да покажам економија“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оставката на Заев ударна вест во Грција

Македонија денеска треба да добие нова техничка влада: Кои се новите министри и заменици-министри?

(Фото) Фамилијата Заеви во новогодишна атмосфера

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дескоска: Нема законска можност за помилувања од Иванов

Редакција

Антикорупциска бара широка јавна расправа за законските измени за Бехтел и Енка и да не се носат по скратена постапка

Редакција

Мукаетов панелист на „НЛБ Денот на инвеститори“ во Белград: Регионот е стартна точка за глобализација на Алкалоид

Редакција