Националната платформа за образование на далечина (schools.mk) може да работи на скоро сите компјутери, лаптопи, мобилни уреди и таблети купени во последните три години, анализира „Мета.мк.“
Ова го потврдува и Владислав Бидиков, ИТ експерт вклучен во имплементацијата на Националната платформа за учење на далечина.
„Платформата е микс на две веќе постоечки платформи, „Teams“ и „Moodle“ и фактички таа може комотно да работи и на постари уреди кои имаат каква било интернет конекција. Најчесто доволна е и 4G конекцијата која ја имаат скоро сите смартфони“, вели Бидиков за „Мета.мк“.
Тој им препорачува на родителите, пред да појдат да купат нов компјутер, внимателно да ги прочитаат, често поставуваните прашања на самата веб-страница на платформата.
„Во делот на Често поставувани прашања што се однесува на минималните конфигурации на ИТ уредите е убаво објаснето дека платформата функционира на десктоп, лаптоп, таблет или смартфон и тоа преку прелистувач (браузер), односно нема потреба да се инсталира дополнителен софтвер“, вели Бидиков.
Коментирајќи ги написите во одредени медиуми дека веб-страницата на платформата „паднала“, Бидиков вели дека тоа не е воопшто случај, туку редовна постапка при тестирање на ваков сложен софтвер за кој е потребно внимателно подесување при тестирање во живо со реални корисници.
Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ.