еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Нејзината професионалност ја однесе во „Вог“: Која е Јована Нешова која гази на светската модна сцена

Еден од нашите најуспешни интернационални модели Јована Нешова е на чекор од новата сезона каде ги прави последните подготовки пред да замине за Кина и Сингапур.

Во нејзиното богато и големо портфолио како последни и најуспешни проекти ги вбројува едиторијалот на кинескиот Vogue со наслов „The Shape Shift”, како и едно од заштитните лица во кампањата за брендот FINELYCUP, која беше работена минатиот септември, но е за целата претстојна 2019 година.

Низ годините Нешова само го потврди својот статус на една од најбараните македонски интернационални модели кои ја имаа таа среќа високо да се котираат на азискиот моден пазар.

„Немав ниту малку сомнеж за неа – вели првиот човек на нејзината матична агенција „Моделс Ин“. Кога некој работи на себе константно и неуморно, успехот е неизбежен. И посакуваме одлична престојна сезона, секој нејзин успех го сметаме за успех за агенцијата и воедно за земјата“, вели Алек Наумовски, за нејзините големи успеси.

Распоредот и агендата на азискиот пазар на прекрасната Јована Нешова се потврдени, но оставаме да не изненади со нови модни подвизи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Агрон Речи, државниот правобранител чии угостителски објект беше опожарен

Редакција

Убава вест: 215 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Мицкоски нека докаже пред Господ, пред Алах, пред државата дека имам некакво УСБ, вели Џафери

Редакција