еМагазин
Image default
Да помогнеме

Неделка се радува што може да зборува и да држи телефон во раце, да помогнеме уште повеќе да се подобри

Неделка Чукчуковска боледува од парализа (Hemiparesis l.dex). По првите операции и рехабилитацијата нејзината борба за здравјето продолжува.

„Продолжувам со борбата, тешка но остварлива. Многу сум среќна што со секоја нова борба имам нови резултати. Со помош на операцијата раката ми се опушти, говорот ми е многу подобрен уште првиот ден по операцијата, а како заздравував говорот се повеќе и повеќе се оправуваше.

Во јануари 2019 бев на рехабилитација која чинеше 7.000 евра за 14 дена многумина би биле скептични во однос на резултатот кој би можел да се достигне но прстите на раката уште повеќе ми се исправени и можам да држам телефон во раката.

Претходно немав сила за такво нешто, исто така без проблем можам да држам кеса во раката кога пазарувам до 2,3 кг. подолго од претходно.Претходно имав страшни болки и немав сила а сега имам и мускулчиња на раката што значи се опоравува.

Но борбата не застанува тука, сега во септември морам повторно да одам на операција која ќе ме чини околу 5.000 евра (со пост-оперативни третмани) и со патни трошоци“, вели Чукчуковска за „еМагазин“.

Хуманите граѓани може да донираат на 143-464 доколку се на ВИП или ОНЕ.

Сметка за донации:

210 5016724851 07

Неделка Чукчуковска

НЛБ банка АД Скопје

Сметка за донации од странство:

IBAN MK07210501672485107

Nedelka Cukcukovska

SWIFT TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Донирај за остварување на еден долгогодишен сон, донирај за Неделка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојчинова Андреева: 2019 година сите ја дочекавте во еуфорија, јас ја чекав во тага

Редакција

Потребните средства за погреб на Цобе се собраа

Редакција

Спасе останал без родители, живее сам и наследил долгови  

Редакција