еМагазин
Image default
Македонија

Недозволиво е изнудување исказ, вели Ременски по обвинувањата од Боки 13

Обврска на секое службено лице и јавен обвинител е да користи законски начини за обезбедување на докази во истражна и кривична постапка, вели за Локално.мк, поранешната пратеничка и потпреседателка на Собранието, Фросина Ременски по обвинувањата од страна на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 дека му нуделе слобода доколку каже дека Ременски земала пари преку Меѓународниот сојуз, каде таа беше почесен претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако кажев дека Катица е виновна или дека Фросина земала пари ќе ме пуштеа, вели Боки 13

Никого не сум уценувала, ниту принудувала да каже било што, вели Русковска за обвинувањата од Боки 13

„Секаков вид на изнуда на исказ за да се обезбедат права на обвинетите кои им следуваат со закон е недозволено. Особено ако исказите не се вистинити. Ова што го слушнав денес е само уште една потврда за тенденциозноста која го следи овој случај од самиот почеток и моето таргетирање осмислено во политичко-разузнавачките кујни.

За се што имам и имав сомневање и проверени информации имам соодветна документација кој ќе биде употребена. И од човечки и од правен аспект е недозволиво правата на обвинетиот да бидат изнудувани со невистини или притисоци. Ретко кој во ваква состојба не подлегнува на притисоци“, вели Ременски за Локално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за случајот „Меѓународен сојуз„: Боки 13 обвинет за измама, Ременски дека му помагала во измама

Ременски: Целокупниот процес за „Рекет“ ми личи дека имаме судење за убиство без леш

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куновска: Каква гаранција од бекство е одземање пасош кога во Србија се влегува со лична карта

Редакција

Обезбедени ли се 80 пратеници: Во понеделник почнува пратеничката расправа за уставните измени

Редакција

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни изборите

Редакција