еМагазин
Image default
Свет

Неизвесна иднина за Меркел и владејачката коалиција во Германија

Во Германија, пријателите на Европа се победници на европските избори. Но катастрофални губитници се СПД, со што се загрозува големата коалиција.

Триумфот на антиевропските десничарски популисти на европските избори изостана во Германија, Шпанија, Австрија и Холандија. Ова е позитивен исход од излегувањето на граѓаните на гласачките места изминатиот викенд.

Покрај тоа, може да се заклучи дека поделбата меѓу националистите и пријателите на Европа ги мотивираше луѓето да излезат на гласање. Во многу земји, одзивот оваа година беше голем. И многу повеќе гласачи на возраст под 30 години го дадоа својот глас отколку на претходните избори. А тоа е доказ дека постои интерес за Европа како тема и за прашањето за тоа како сакаме да живееме заедно. Јасни победници во оваа возрасна група на гласачите на Зелените, кои ја наметнаа темата за заштита на климата како тема од големо значење за иднината.

Катастрофален пораз на германските социјалдемократи 

За германските социјалдемократи изборната недела беше апсолутна катастрофа. Најсилната германска партија падна под 16 отсто на европските избори. Но како ни тоа да не беше доволно, туку изгубија и на изборите во Бремен, сојузна покраина кадешто социјалдемократите владееја 73 години.

По првпат победи претставник на ЦДУ. Овој двоен пораз нема да може да остане без последици. Тоа е доказ дека СПД, партијата на германските социјалдемократи е на умирање и оти само со сосемама нова насока сé уште има шанса да преживее во иднина.

Можни и предвремени избори

Во Брисел, во наредните денови, ќе има расправии околу тоа која партијата може да ги преземе главните функции. Ќе има многу поопшта дискусија во Германија. Главното прашање најверојатно ќе биде: уште колку долго оваа владејачка коалиција мисли да се измачува себе целата земја?

По овој викенд, сосема е веројатно дека на ерата на Ангела Меркел би можел да стави крај токму – СПД. По што, нови, предвремени избори би можеле да се одржат оваа година. Тоа би биле избори со многу отворени прашања и само еден сигурен одговор: дека Ангела Меркел повеќе нема да учествува на нив.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Ирена Јовева, првата европратеничка со македонско потекло

Евроизбори 2019: Подем на екстремната десница и зелените, мнозинството за традиционалните партии

Зошто изгуби на изборите: Ципрас ја „плати“ цената за Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки фотографии од запалени луѓе во Буча

Редакција

Со бразилскиот сој може повторно да се заразат 60% од луѓето кои прележале Kовид-19

Редакција

Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена

Редакција