еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Некој донира бесплатно, некој откупува за да профитира: Потребен е проѕирниот дел од визирот инаку акцијата за донација ќе престане

До вечерта на 7.април се произведени и дистрибуирани 6.500 заштитни маски со визири финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми, информираат инцијаторите на оваа акција.

Процесот за снабдување на приватните здравствени установи се уште e во тек, но заради интензивниот труд на активистите од 3Д принт медицинска опрема, само на 7. април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на: Здравствен Дом – Скопјe, Градска општа болница „8ми Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара.

Навивачката група „Комити“ донираа 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска Општа Болница „8ми Септември”.

“Поради зголемената употреба на Вералит (провиднот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“ , АПЕЛИРА до сите оние кои можат да ги снабдат со Вералит (проѕирен дел од визирот) да ни се обратат.

Доколку не успееме да набавиме Вералит акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на обслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи.

Со почит, до сите граѓани кои заедно со нас помагаат да го заштитиме медицинскиот персонал“, велат инцијаторите

Иницијативата на facebook групата: facebook.com.

За итност во набавката на вералит (провидниот дел од визирите) апелираше и лекарот Ненад Лазаров, кој е вклучен во акцијата, инаку акцијата за донација на визири ќе застане бидејќи ги трошиме последните залихи, посочи тој.

„Некој сака да профитира од оваа ситуација и ги откупил сите расположливи количини во државава за кои што знаеме. Молам за инфо и за најмала можна достапна количина од овој материјал! Еден визир, многу спасени животи,“ вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Универзал“ од Гостивар започна со производство на „хигиенски тунели“ за дезинфекција при влез во маркети, установи, згради…

Угостител од Крива Паланка: Последните пари ќе ги поделиме со вработените, со брат мѝ знаеме што е да се нема

Скопски угостител нема да ги отпушти вработените и по цена да пропадне

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вицепремиерот Димитров оздраве од Ковид-19

Редакција

(Видео+фото) Протест и штрајк со глад, опозицијата во Србија обвинува за кражба на изборите во Белград

Редакција

Што треба да знаете за вакцините на Фајзер, кои денеска пристигнаа од Србија

Редакција