еМагазин
Image default
Бизнис

Неколку големи клиенти ги набилдаа „лошите“ кредити кај банките

Во второто тримесечје од годинава дојде раст на нефункционалните кредити од 2,1%, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Овој раст беше повеќе присутен во корпоративното кредитно портфолио на банките и беше концентриран кај неколку поголеми клиенти. Нефункционалните кредити на домаќинствата го забрзаа кварталниот раст, до нивото од 3%, за што најголем придонес дадоа потрошувачките кредити одобрени на подолги рокови. Исто така, секторот „домаќинства“ имаше повисок придонес во кварталниот раст на пролонгираните кредити и кредитите со доцнење во исплата на обврските од 61 до 90 дена, што навестува можен натамошен раст на нефункционалните кредити одобрени на овој сектор“, соопшти НБРМ.

Поради солидниот раст на кредитната активност на банките, учеството на нефункционалните во вкупните кредити, во второто тримесечје од годината се задржа на истото ниво во одделните секторски сегменти од портфолиото на нефинансиските субјекти (7,8% во портфолиото на претпријатијата и 2,4% кај домаќинствата).

„Високата покриеност на нефункционалните кредити со исправка на вредноста се задржа и во вториот квартал од 2018 година (81%), што при задоволителен обем и квалитет на сопствените средства, ги ограничува негативните ефекти врз солвентното работење на банките, од евентуална целосна ненаплатливост на овие кредити“, информираат од НБРМ.

На агрегирано ниво, банкарскиот систем и натаму располага со „слободен“ капитал, над утврдениот регулаторен и супервизорски минимум, чиешто учество изнесува 8,6% од вкупните сопствени средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојно зголемување: Македонските банки остварија добивка од 90 милиони евра за шест месеци

Странци доминираат во банкарскиот сектор: Кои земји го „жнеат“ ќарот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонијалек“: Граѓаните да бидат спокојни, сите вакцини се со важечки рок и безбедни за употреба

Редакција

Кои компании го добија признанието „Македонски квалитет 2022“

Редакција

„Пелистерка“ во загуба од 11,4 милиони денари во првото полугодие од годинава

Редакција