еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нелогичности: Владата ги намалува казните, а предвидува повеќе пари во буџетот од глоби

Владата најави дека со измени на Законот за прекршоците кој влегува во владина постапка ќе има измени за намалување на висината на казните за правните и физички лица со што се воведува разумна казнена политика, а истовремено во предлог буџетот за 2019 година предвидува зголемување на приходите од глоби, судски и административни такси.

Имено, за следната година од глоби, судски и административни такси за граѓаните и компаниите идната година во државната каса се предвидува да се слеат 2.092.032.000 денари или 34 милиони евра, што е зголемување во однос на годинава кога во буџетот за оваа ставка биле предвидени 2.000.000.000 денари или 32,5 милиони евра.

Сега се поставува прашањето дали Владата со намалувањето на висината на казните истовремено планира и зголемена диинамика на контроли и казни со оглед на тоа  што испланирала во буџетот за следната година да се слеат повеќе пари во однос на годинава,

Во Владата вчера соопштија дека се предвидува намалување на глобите за физичките лица за 75 отсто. Со новото решение, минималната глоба за физичко лице е 15 евра, а максималната глоба ќе биде 250 евра, наместо досегашните 1000 евра.

За правните лица, при одмерување на глобата ќе се води сметка за приходот остварен во претходната година, број на вработени и претходно санкционирање за исти или слични прекршоци. Во законот прват се прави градација помеѓу малите, средни и големи претпријатија.

Интересно е што министерката за правда, Рената Дескоска во своето обраќање потенцираше дека ова ново законско решение е во интерес на граѓаните и стопанствениците и дека казнената политика нема да биде политика за полнење на буџетот, туку казнената политика ќе биде насочена кон опомена на оние коишто згрешиле.

Сепак, останува нејасно зошто тогаш Владата испланирала зголемување на буџетските приходи од глоби, судски и административни такси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максималната казна за прекршок на граѓаните се намалува од 1.000 на 250 евра, за нерегистрирано возило од 500 на 250 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Какви мерки, каква корона: Во Гевгелија оро за Велигден

Редакција

Спасовски и Ременски се судрија околу надлежностите на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Освен Камчев и Јосифовиќ, во притвор и другите тројца осомничени за „Империја“

Редакција