еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Нема да си простам ако нешто му се случи на моето семејство“: Здравствен работник за еМагазин зборува за личната битка со коронавирусот

Здравствен работник од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ексклузивно за еМагазин зборува за неговата лична, но и за битките на неговите колеги со коронавирусот, кои не треба да се грижат само за нас и целиот здравствен систем, туку и за себе и за своите семејства.

Пред неколку дена во оваа Клиника каде според последните податоци се сместени над 70 лица заболени со коронавирусот од целата земја и е епицентарот на сите случувања, со вирусот се зарази техничко медицинско лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем раст: 63 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

„Вирусот е нашиот непријател денес, невидлив, а понекогаш и смртен и битките пред нас тешки и непредвидливи.

Советите да се заштитиме самите себе се и повеќе од јасни и следејќи ги ревносно истите можеме да се надеваме дека ризикот за нови инфекции ќе го сведиме на минимум“, вели тој.

И овие луѓе, кои се на првата “борбена линија“, кој реално никој не ги прашува како се, се од крв и од месо, кажано народски, па разбрливо е и тие да стравуваат не само за своето здравје, туку и дали ќе ги оправдаат очекувањата на јавноста.

Нивната работа е драстично зголемена.

“Дoкторите, сестрите… здравствените работници деновиве се соочени со голем обем на работа во своите болници.

Работиме во стрес и под притисок, во застрашувачка атмосфера, со континуирано чувство дека не гледа некој под лупа.

Секако дека стравот е присутен и не само поради тоа што за вирусот знаеме многу малку, туку и да ја оправдаме довербата, да не потфрлиме, да останеме силни за сите кои тоа не се, за оние кои имаат сомнеж во нас и за тоа колку можеме да издржиме.

Сведочиме дека и ние сме исти, само луѓе, дека многумина од нас можеби ќе бидат инфицирани и покрај сиот напор да се заштитиме, и дека ќе бијат и некоја друга битка“, вели тој.

Водат и лични битки. Да не евентуално го заразат и сопственото семејство.

“Некои од нас размислуват и за привремено живеалиште на некоја нова адреса, далеку од своите семејства, водени од мислата да го заштитат и онака кревкото здравје на своите возрасни родители, на своето семејство.

Размислуваат за пребивалишта блиску до своите работни места, места што можеби веќе утре ќе се нивната карантинска зона, но и утеха дека направиле се за да ги заштитат најблиските.

Секојдневна е мислата: „нема да си простам ако нешто му се случи на моето семејство“, но и покрај тоа доаѓаме на работа, насмеани, во потрага на одговорите на прашањата кои секојдевно си ги поставуват, кога, уште колку денови не делат до следната вистинска прегратка со најблиските, од испиено кафе со пријателите и споделената радост на фамилијарниот неделен ручек.

Зборовите не можат да ја опишат “бурата“ на чувствата со кои сме соочени секое утро деновиве, но истовремено водени сте од желбата дека баш денес ќе помогнете на некого, некого ќе насмеете, за некого ќе бидете човекот што ќе изговори неколку зборови на утеха и надеж дека можеби веќе утре се ќе биде подобро, ќе изготвите отпусно писмо за излекуван и препораки за дома“, вели тој.

Како што раскажува здравствениот работник, има многу што да научат од своите постари колеги во овие тешки времиња за сите, а посебно за нив.

“Ги следиме постарите колеги, сите рамо до рамо дишат во еден здив, сите се разбираат, имам чувство дека и не треба да прозборат, се е јасно.

Магично исчезнаа сите недоразбрања, кавги и копетиции, денес сме сите едно. Тоа е, енергија, сила која ги брише стравовите додека сме на работа, школа за цел живот“, вели тој.

Врајќањето дома после работа е многу поразлично од порано.

„Завршувате со вашата смена, погледнувате во часовникот, последните 24 часа сте биле во битката за животот на вашите пациенти – си велите мислам дека треба да заминам дома. Дома што за некој од нас е станот во којшто ве очекуваат ведрите лица на вашите деца и загрижениот лик на вашата сопруга.

Во предворјето на вашиот дом, истиот дом во којшто до само пред 20-на дена доаѓавте безгрижно, сега внимавате што прво да направите, ја соблекувате вашата облека внимателно, веднаш уклучувате машина за перење алишта, ги миете рацете одново и одново, затоа што грижата за тие околу Вас ви вели да не случајно дел од “невидливото” е на Вас и тоа “невидливото” стравувате да не стане час поскоро многу видливо.

Не знаете дека денес да се направи херојски подвиг и не е така тешко, остануваш дома и веќе си извојувал победа во една битка.

Седете дома, спасете живот!!! А за нас, здравствените работници во деновите што следуват дузина битки секојдневно, битки со надеж дека заедно можеме и повеќе“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 50-59 години

(Мапа) Голем раст на кумулативната инциденца во Куманово, како изгледа состојбата низ Македонија

Како изгледа бројот на заболени со коронавирусот по градови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, „за“ гласаа и пратеници од Македонија

Редакција

Притвор од 30 дена за Боки 13 и Зоран Кичеец

Редакција

15-годишно момче почина откако му се слошило на базен во скопски Карпош

Редакција