еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема договор за датум за избори

На денешната втора лидерска средба кај претседателот на државата не е постигнат консензус за датум за предвремени парламентарни избори.

Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба тие беа одложени со владина Уредба со законска сила.

Во текот на следните денови, како што се најавува, се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори.

ВМРО-ДПМНЕ биле за избори на крајот на август или на почетокот на септември, додека СДСМ за крајот на јуни. За брзи избори се изјасни и ДУИ. Алијанса на Албанците и Алтернатива не се за избори на 21 јуни.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев за избори во првиот можен термин, Мицкоски на крајот на летото

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претрес во Управата за финансиска полиција

Редакција

„Виз ер“ нуди загарантирана база во Скопје за капетани

Редакција

„Уште еднаш се докажа дека рамковните се недопирливи“: Твитер реакции за разрешувањето на Стојко Пауновски

Редакција