еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема карантин ни полициски час за Штип

Комисијата за заразни болести утрово не даде препорака за воведување карантин или полициски час, информираше за МИА државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој деновиве е постојано на терен и ја следи состојбата со новозаразените во Штип.

Тој рече дека на Комисијата за заразни болести е утврдено дека за Штип бројките се помали од вчера и поради тоа не е донесена одлука за препорака за карантин или воведување полициски час.

Побара од работниците кои се опфатени со тестирањето да не шетаат низ градот, туку да седат дома се додека не ги добијат резултатите, за на тој начин да се спречи ширењето на коронавирусот.

Смета дека со затварањето на петте конфекции од денеска состојбата во Штип ќе се нормализира.

Милошев рече дека епидемиолозите од Центарот за јавно здравје од утрото се на терен и веќе ги земаат брисевите.

Но, Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ е револтирана што неколку работнички од конфекцијата, која една недела е затворена, шират лажни вести и пропаганда, а одат и дотаму што ги повикуваат останатите свои колеги да не се тестираат поврзувајќи го вирусот со светски заговори и дека воопшто и не постои.

Таа ги повика партиите и верските заедници во овие моженти да излезат на терен и да го едуцираат населението за последиците од болеста.

-Се молат политичките партии да ги едуцираат своите членови и поддржувачи. Попови, оџи, што и да е. Ние не можеме. Доктори, ви благодарам за ангажманот, ризикот. Можете да си земете одмор и бидете со вашите семејства, вели во фејсбук-статусот Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“-Штип.

На Инфективното одделение во Клиничката болница-Штип се хоспитализирани 16 пациенти, а денеска еден од нив ќе си замине по добиениот втор негативен тест и ќе влезе во бројката на излекувани.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два нови случаја на корона вирусот во Гостивар, и двата се во селото Чегране

Новозаразениот со корона вирусот во Струмица е од Косово

Чаир има повеќе активни случаи на Ковид-19 и од Куманово и од Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американскиот министер за здравство за руската вакцина против Ковид-19: Важна е ефективноста, а не да се биде прв

Редакција

Русковска дала исказ за бегството на Мијалков, случајот го води обвинителката Ристоска

Редакција

Во апартманот на убиениот Орхан Бајрами Оки имало и две жени

Редакција