еМагазин
Image default
Бизнис

Нема кој да работи: Дури 9.100 слободни работни места во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година во Македонија имало 9.100 слободни работни места.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2.73 %, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што изнесува 0.12 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.03 %. Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.24 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 443, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на должници на Листата на должници на УЈП

Редакција

Три домашни компании искажале интерес за учество на новиот тендер на АЕК за 5Г

Редакција

Хари Локвенец поднесе оставка од директорската функција во Железници – Инфраструктура

Редакција