еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Нема место за разочарување: „Медена земја“ не сплоти и испиша историја

Македонските граѓани ширум светот со полно срце синоќа навиваа документарецот „Медена земја“ кој беше номиниран во две категории за годинешното доделување на наградата „Оскар“ да земе барем една од статуетките.

За жал, Академијата ги додели наградите за најдобар документарец на филмот „Американска фабрика“, а за најдобар интернационален филм на „Паразит“.

Сепак, и покрај тоа што не се закити со „Оскар“, нема простор за разочарување од овој исход, бидејќи светот веќе ја призна големината на „Медена земја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Атиџе е нашиот Оскар“: Твитер реакции за „Медена земја“ и Оскарите

Филмот донесе огромен успех за македонската кинематографија и нашата земја со оглед на тоа што прв пат во нашата историја домашен филм беше номиниран во две категории за „Оскарите“ – најдобар документарец и најдобар интернационален филм.

Освен тоа, „Медена земја“ добива на важност, бидејќи е документарец што беше номиниран во категоријата најдобар меѓународен филм и со тоа ја избриша границата меѓу играните и документарните филмови.

Ваквиот историски момент го препознаа светските медиуми како IndieWire, кој укажува дека „Медена земја“ е само уште еден пример дека во иднина документарните филмови би требало да се номинираат и во наградата „Оскар“ за најдобар филм.

За тоа режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како и целата екипа која стои зад „Медена земја“ заслужуваат посебно признание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Атиџе прекрасна: Како изгледаше екипата на „Медена земја“ на Оскарите

„Медена земја“ не доби Оскар: Статуетките ги земаа конкурентите „Американска фабрика“ и „Паразит“

Личност на годината на еМагазин: Атиџе Муратова

Фото: Фејсбук/Медена земја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1“, напиша НАСА по повод смртта на Елизабета Втора

Редакција

Бензините поскапуваат до денар и половина, дизелот поевтинува за денар

Редакција

Кој е Александар Даштевски: Што пишува во биографијата на новиот претседател на ДИК

Редакција