еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема нов случај на заболен од корона вирус во Македонија

Во изминатото деноноќие не се тестирани нови пациенти од корона вирус и до овој момент нема нов случај на заболен од овој вирус во Македонија, информираат од Министерство за здравство.

„Единствената пациентка позитивна на вирусот „Ковид 19“ е во добра здравствена состојба. Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим според сите здравствени протоколи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Останатите патници кои биле во комбето со единствената пациентка позитивна на корона вирус и лицата со кои тие оствариле непосреден контакт остануваат во домашна изолација.

Во моментов нема македонски државјани заразени од овој вирус, ниту пак македонски државјани кои се под карантин во Италија,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Од таму додаваат дека Македонија ги спроведува препораките на Светската здравствена организација за заштита од корона вирус.

„Нема простор за паника, апелираме до граѓаните да ги применуваат мерките за хигиена, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување.

Во однос на состојбата со корона вирусот, апелираме до граѓаните да се информираат само од официјалните информации на релевантните институции,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за корона вирусот и зошто нема потреба од паника

Како граѓани, нема да помогнеме во борбата против корона вирусот со бегање од болница и давање на лажни информации на граница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фон дер Лајен во среда во Скопје: Неизвесна помошта од ЕУ, Македонија да добие струја од Бугарија

Редакција

Обвинителот Бубевски заразен со Ковид-19, Фетаи во изолација

Редакција

Во велешката болница за 24 часа пет лица починаа од Ковид-19

Редакција