еМагазин
Image default
Македонија

Нема одлука од скопска Апелација за жалбата на Камчев да му биде укинат куќниот притвор

Апелацискиот суд Скопје денеска одржа седница во врска со жалбата на одбраната на бизнисменот Јордан Камчев да му биде укинат куќниот притвор во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Како што информираат од судот за МИА, одлука на денешната седница не била донесена.

Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Во притвор освен Јордан Камчев се и неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“, Цветан Панделески, како и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски.

Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се спасат ли Ахмети, Мијалков, Бонева, Камчев, Османи, Милошоски, Тодоров… од прогон?

Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 низ болниците во државата

Редакција

Идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа

Редакција

Без прифатлив предлог, штрајкот не може да прекине, велат од СОНК

Редакција