еМагазин
Image default
Македонија

Нема ризик од конкретен терористички акт во државата, вели Спасовски

Македонија и Европската Комисија денеска во Брисел потпишаа заеднички акциски план во делот на борбата против тероризмот.

Иако нашата земја не се соочува со конкретен ризик од терористички акт, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предизвикот лежи во нејзината стратешка положба.

-Овој договор е имплементација на низа мерки кои што ќе значат ефикасност во справувањето со тероризмот, со размената на информации и една заедничка политика која што ќе значи вистинска борба против тероризмот и во овој регион и во Европа, изјави министерот за внатрешни работи.

Спасовски додаде дека “секоја од државите треба да преземе низа мерки кои што ќе значат не само конкретна активност во делот на терористички акт, затоа што немаме таква состојба“

-Но имајќи предвид дека се наоѓаме на една исклучително важна стратешка позиција, стојат пред нас и предизвици, а еден од нив е тероризмот, изјави министерот Спасовски на прес конференцијата со еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, со кого го потпишаа акцискиот план.

Конкретно, акцискиот план потпишан денеска помеѓу Европската Комисија од една страна и Северна Македонија и Албанија од друга, предвидува серија мерки со цел спречување на насилниот екстремизам и тероризмот.

Освен зацврстувањето на домашните институционални капацитети, од двете земји се очекува, меѓу другото, да преземаат проактивни мерки на толерантност за да се спречи насилната радикализација, посебно кај младите, и ризикот тие да заминат на воени жаришта на Блискиот Исток, на пример.

Паралелно со образовните и социјалните мерки, од Северна Македонија Брисел очекува да го подобри нејзиниот капацитет во делот на размената на информации, поефикасно да се бори против перењето пари и да спречи финансирање на тероризмот.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија најави дека Советот за безбедност на ОН ќе го разгледува можниот конечен договор за името на Македонијa

Редакција

Дисциплинска постапка за две лица вработени во УБК: Пронајдена марихуана кај нив

Редакција

ДИК: 496.774 граѓани или 35,13 отсто гласале до 17 часот

Редакција