еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Немаат доволно пари: Струмички средношколци неможат да одат на Светскиот шампионат по англиски јазик

Неизвесно е дали осум ученици распоредени во три тимови и двајца нивни ментори од струмичката гимназија „Јане Сандански“ ќе учествуваат на Светскиот шампионат по англиски јазик, што треба да се одржи на престижниот американски универзитет Јеил во Њу Хевн од 13 од 22 овој месец, беше соопштено на денешната прес конференција. Причина за тоа е што на десет дена пред заминувањето тие ги немаат обезбедени потребните 14 илјади долари.

-За да стигнеме на овој натпревар треба да обезбедиме вкупно 14 илјади долари. Побаравме помош од многу институции и компании, но успеавме да собереме околу 4.000 долари. Упатувам последен апел да не ни се случи тимовите да ни бидат пополнети од други држави поради тоа што ние не можеме да ги собереме потребните уште 10 илјади долари, вели менторот, професорката по англиски јазик, Вера Јанкова.

На Светскиот шамионат од Македонија треба да учествуваат само учениците од струмичката гимназија, кои претходно изборија пласман на финалниот натпревар на полуфиналето што се одржа во Барселона, а претходно на локалниот што се одржа во Струмица.

-Ние сакаме да заминат за САД сите 8 ученици. На кое дете ние можеме да му кажеме дека нема да оди оти нема доволно пари. Сите заслужиле да одат таму, додаде професорката Јанкова.

Ученичката Бојана Витанова, која беше една од најуспешните учеснички на полуфиналниот натпревар по англиски јазик во Барселона, вели дека таму заедно со нејзиниот тим избориле пласман на Светскиот шампионат во Јеил.

-Имаме можност ако постигнеме добри резултати да добиеме стипендија на Универзитетот Јеил и да го продолжиме нашето образование таму, се разбира доколку сакаме и имаме таква желба, рече ученичката Бојана Витанова.

Додаде дека се надева оти можат да постигнат забележителни резултати како лани кога освоија четири златни медали во конкуренција на две илјади натпреварувачи од 50 земји на Светскиот шампионат по англиски јазик што традиционално се одржува на Универзитетот Јеил во САД.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) На среде булевар во Скопје комбе остана без тркала

Редакција

A1 Македонија го имплементираше Смарт сити Дојран

Редакција

Поради тензиите на Косово, Србија ја подигна на највисок степен борбената готовност на војската и полицијата

Редакција