еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид

Исклучена е гинеколошка компликација кај родилката од Охрид, која пред неколку дена почина на скопските клиники. Ова го соопшти денеска Јавната здравствена установа Општа болница Охрид по направената мултидисциплинарна ревизија на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

– На 11 јуни во 4 часот на Гинеколошкото одделение во Охрид примена е пациентка првородка со прснат воденик во термин за породување. Пациентка на 29-годишна возраст со хронична системска болест Lupus и од детска возраст со имуносупресивна терапија. Направен е итен царски рез и добиен жив женски плод 2.130/46 во добра состојба, информираат од охридската болница

Според соопштението, оперативниот и ран постоперативен тек бил уреден.

– Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман. Во тек на престојот на GAO-Охрид земен е брис од рана од родилката, а резултатот добиен од Центар за јавно здравје – Охрид покажува дека е стерилен, појаснуваат во соопштението.

Новороденчето, како што е наведено, се наоѓа во охридската болница и е здраво и во добра општа состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина родилка од сепса, според лекарите била ризична пациентка која боледувала од ретка болест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сите болести да ги фатиш, аир да не видиш“: Посетител на Зоолошка со навреди кон вработена

Редакција

Времето денеска облачно со утринска магла по одделни котлини, ќе дува слаб до умерен ветер

Редакција

Двојно помалку пари за „Скопски џез фестивал“ од Министерство за култура

Редакција