еМагазин
Image default
Македонија

Неносењето заштитни маски причина за ширење на вирусот меѓу работничките во новата штипска конфекција

Непочитување на мерките за заштита е причина за ширење на коронавирусот во новата осма по ред штипска конфекција, каде што во изминатите два дена се регистрирани три позитивни, a десетина работници се ставени во изолација покажа денешниот увид од епидемиологот од Центарот за јавно здравје – Штип.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека според увидот причина за ширење на вирусот е неносење на заштитни маски од страна на работниците, како и нивно групирање за време на паузите, а притоа неносејќи заштитна опрема и не држеле дистанца од два метра.

Штип денеска го нема во здравствениот билтен, па останува со 202 активни случаи на Ковид-19.

Епидемиолозите дневно на повеќе пунктови земаат по 50 брисеви, а се уште очекуваат резултати за стотина брисеви, помеѓу кои се и и контролните за 53 текстилни работници од првата конфекција што беше затворена на крајот од мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Од 95 тестови нема позитивни на Ковид-19 во градинки во Штип и Охрид

Се испитуваат петмина излекувани штипјани како можни дарители на крвна плазма

Нов позитивен случај на корона вирусот во штипска конфекција, која може да биде нов кластер

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Редакција

Зијадин Села: Да видиме колку длабоко ДУИ е влезена во местење судии и обвинители

Редакција

(Видео) Двајцата македонски државјани кои вчера беа однесени од морските струи на Халкидики се уште не се пронајдени

Редакција