еМагазин
Image default
CHECK IN

Неоткриена атракција Кукуље: Делчевските скаменети сватови

Сокриени во густа борова шума, далеку од очите на секојдневието, некаде меѓу легендата и раката на уметникот со име природа, ги поминуваат деновите во овој нов век, скаменетите сватови. Збиени еден до друг, а некои, пак, чекор два понапред, сватовите останале закукулени на ова место, среде својата веселба плаќајќи го гревот што го направиле.

Легендата раскажува дека имало свадба, а сватовите од местото, сега наречено, Црневи кукуље, оделе по невестата од местото Кукуље, каде во тоа време имало црква. Одејќи така со песна и веселба, нив ги пресретнува еден просјак.

Тој ги замолува да го почестат со леб и со ракија, а тие го исмејуваат и го навредуваат. Како што се случува во легендите, тоа не бил обичен просјак, туку тоа бил Господ, облечен како просјак кој сакал да ја види човечноста кај овие луѓе. Кога сфатил колку се далеку од човечноста овие сватови, тој ги закукулил, односно ги скаменил. Така, тие останале до ден денешен.

Ако си воден од љубопитноста за да ги пронајдеш, тогаш трудот за да се стигне до нив се исплаќа, бидејќи глетката што се отвора пред вас е фантастична. Се добива впечаток дека сте во некој филм и како некој со рака да ги вајал карпите и потоа да ги донел тука.

Овој природен раритет се наоѓа над делчевското село Нов Истевник, некаде јужно над средината на селото.

Локалитет Кукуље е целиот во борова шума со надморска висина од околу 900 метри, а пространството на комплексот е 4 хектари.

Некаде во поднежјето протекува бистра планинска вода, над неа, пак, се наоѓа убава платформа, широка и пространа во која се наоѓа комитски гроб, од кој, за жал, денес останал само каменот, кој е поместен од гробот.

За потеклото на овој локалитет, освен легендата која се пренесува од колено на колено, досега не се знае многу. Но, сепак, постојат научно-геолошки испитувања на овој терен во кој е потенцирано дека основата на рељефот ја дале сложени тектонски движења во миоцено-плиоценските периоди, а надворешните сили со ерозивни процеси ги моделирале и го менувале стариот релјеф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Предлог-место за патување по завршување на корона кризата: Хотел „Лејк вју“ во Отешево

(Галерија) Предлог-место за посета по кризата со корона-вирусот: Етно-ресторан Куклица, Кратово

(Фото) Предлог-место за патување по кризата со корона вирусот: Жировница, за авантуристи и вљубеници во природата

(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Убавото и секогаш гостопримливо Крушево

Извор: Општина Делчево/Фото:Општина Делчево/Љупчо Јаневски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) еМагазин на Кикладите: Срцето ми остана на Кимолос

Петре Димитров

(Галерија) Дали знаете каде може да престојувате во Битуше, селото со вонвременска убавина

Редакција

(Галерија) Уникатно доживување во етно-ресторанот „Дедо Димо“ во срцето на Куратица

Редакција