еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Непушачите на мака: Создадена мапа на угостителски објекти во кои не се пуши или има одвоен дел

Многу од непушачите реагираат на законските измени со кои е дозволено да се пуши во затворен простор што претходно беше забрането.

Имајќи го во предвид претходното законско решение на кое луѓето се навикнаа и добро го прифатија бидејќи, непушачите не беа труени, сега веќе повторно имаме задимени простории, задушени луѓе на кои им пречат цигари, умирисани алишта, трпење на последици од пасивно пушење.

На социјалните мрежи веќе има реакции на оваа тема.

Зошто никој не зборува за новиот закон за пушење?!?! Зошто се менува нешто на кое сите се навикнавме, и непушачи и…

Posted by Iskra Trajkovska on Сабота, 28 декември 2019

На Твитер се појави и иницијатива да се лоцираат локалите во кои не се пуши и да се направат популарни.

И од овој твит се „роди“ МАПА со угостителски објекти во Скопје и во Македонија во кои не се пуши или има непушачки дел (физички одвоен од пушачкиот). Листата не е целосна и може да се надополнува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Редакција

Нови дојави за бомби во две училишта во Скопје

Редакција

Украинската Амбасада бара доброволци од Македонија да војуваат во Украина, учеството во странска војска кај нас е кривично дело

Редакција