еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) NESCAFÉ 3in1 ги унапреди условите за работа во библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје

Библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје е опремена со нови компјутери, мебел и друга модерна опрема која ја донираше компанијата Nestlé која во рамки на кампањата NESCAFÉ 3in1 „Start Smart“ во текот на претходните месеци собираше средства за овој важен проект.

За оваа цел, Nestlé во текот на кампањата која почна во февруари одвојуваше средства од продажбата на секој NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ, а новата опрема е на располагање за користење на сите заинтересирани студенти.

„Nestlé е свесна дека подобрувањето на квалитетот на живот и создавањето усоешни заедници почнува со образованието и затоа вложуваме големи напори да помогнеме во развојот на студентите во целиот регион“, истакна Ивана Лес, регионална бренд менаџерка на NESCAFÉ 3in1, по повод врачувањето на компјутерите на билиотеката.

„Сметаме дека приватниот сектор треба да им помогне мна младите луѓе кои трагаат по нови вештини и образование. Оваа акција е само една од бројните кои Nestlé ги спроведува со цел да ги унапреди условите во релевантните институции“, додаде таа.

Компјутерите, масите и столчињата се поставени во библиотеката на факултетот, а во план е, во насока со трендовите ма дигитализација, наскоро со помош на нив да се овозможи пристап до дигитализираната литература на библиотеката, за таа да биде уште подостапна за корисниците.

Од библиотеката велат дека условите за учење, истражување, благодарение на оваа акција значително ќе се подобрат, а студентите и професорите ќе добијат ново катче за натамошен професионален развој.

„Студентите кои ја користат библиотеката се многу задоволни со новата опрема која ни стана остапна благодарение на компанијата Nestlé и брендот NESCAFÉ 3in1“, вели деканот на Филозофскиот факултет проф. др. Ратко Дуев.

„Благодарни сме што компанијата ја препозна важноста да се помогне во развојот на образованието и сигурни сме дека овој потег ќе го унапреди квалитетот на школувањето на многу млади луѓе и генерации што доаѓаат“, заклучува Дуев.

Студентните и другите корисници на библиотеката, новите компјутери можат да ги користат за истражување, пишување трудови и други секојдневни обврски во текот на студирањето.

Исто така, модернизираниот библиотекарски простор е погоден и за заеднички активности, организирање презентации, едукација и други студентски собирања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирај се на megawin.mk и учествувај во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на МЕГАВИН“

Редакција

Камерниот оркестар на Македонска филхармонија ќе одржи два концерти во Казахстан

Редакција

myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

Редакција