еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневна измама преку Фејсбук: Останал без пари и мобилен откако се јавил на оглас за работа во Австрија

На 15.12.2018 година во 19,10 часот во Полициска станица Тетово Н.Ш.(28) од Елбасан Р.Албанија пријавил измама извршена од страна на непознато лице, информира МВР.

Имено, Н.Ш. видел објава на социјалната мрежа Фејсбук дека се бара работник за работа како келнер во Р. Австрија, по што пишал дека е заинтересиран за работата и од страна на непознатото лице му било посочено дека треба да дојде во Тетово и со себе да носи 150 евра и две фотографии.

Откако во текот на вчерашниот ден (15.12.) оштетениот дошол во Тетово и се сретнал со непознатото лице, му ги дал парите, сторителот му го земал и мобилниот телефон наводно за да стави сим картичка и заедно заминале пред фото студио на улица “Илинденска” во Тетово за да се фотографира Н.Ш.

Кога пристигнале пред фото студиото, непознатото лице му рекло на Н.Ш. да влезе внатре да се фотографира, а тој ќе го чека надвор, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Активни 18 пожари, а шест ставени под контрола

Редакција

Обвинителство предлага психијатриско лекување: Момчето од Драчево кое си ја уби бабата ималo трајна душевна болест

Редакција

Кривична пријава за скопјанка која разменила фалсификувани евра во казино

Редакција