еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневна измама во Скопје: Им земале пари за семинари за алтернативен туризам

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против Ќ.С.(31) од Скопје и други лица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле три кривични дела „измама“, при што се стекнале со противправна имотна корист, информира МВР.

Во периодот од 03.11. до 05.11.2019 едно лице, претставувајќи се како организатор на семинари за стрелаштво, летање со параглајдер и алтернативен туризам во хотели во Берово и Маврово, од три лица, телефонски побарал пари на заем за набавка на разна опрема и материјали за одржување на семинарите.

Парите ги земал преку Ќ.С., на различни локации на територија на град Скопје. На 05.11.2019 полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ќ.С., а било извршено и негово препознавање од страна на оштетените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во Полициската станица во Валандово

Редакција

Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува и кафе за носење

Редакција

(Фото) Ново спортско-рекреативно катче за битолчани

Редакција