СВР Тетово поднесе кривична пријава против 14-годишник од с. Отушиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР.
На 12.06.2018 година и 27.06.2018 година во Тетово пријавениот со употреба на запалка предизвикал пожар на банкомат, кој бил поставен од надворешната страна на продавница за чевли.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.