еМагазин
Image default
Балкан

Несреќа на Шар Планина: Во лавина загина заменик-министер во косовската влада

Заменик-министерот за дијаспора на Косово, Аријан Даци, загина во лавина на Брезовица, која се наоѓа на косовската страна на Шар Планина, пишува српски blic.rs повикувајќи се на косовските медиуми.

„Газета експрес“ пренесува дека претставникот на полицијата во Урошевац, Басри Шабани потврдил дека лавината на Брезовица однела човечки животи.

Смртта на Даци, син на некогашниот претседател на косовскиот парламент Неџад Даци, ја потврдиле и претставници на косовската влада.

Неофицијално, жртвите скијале на необележани патеки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватска ги мобилизира пензионираните доктори поради ескалацијата на Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Во Грција отворени кафулињата и угостителските објекти

Редакција

Рама на предизборен митинг прочита порака од Заев

Редакција