еМагазин
Image default
Бизнис

Нето приливи од 157,8 милиони во првиот квартал, од директни странски инвестиции 21,6 милиони евра

Народната банка објави дека во првиот квартал кај финансиските трансакции со нерезиденти, се остварени нето-приливи од 157,8 милиони евра.

Анализирано по категории, како што наведуваат, нето-приливи се евидентирани кај трговските кредити од 169,2 милиона евра, директните инвестиции 21,6 милиони евра и заемите 19,1 милион евра.

Нето-одливи, пак, се забележани кај валутите и депозити 35,2 милиона евра и портфолио-инвестициите 22,3 милиони евра.

Девизните резерви, покажуваат податоците, бележат умерено намалување за 5,6 милиони евра.

На нето-основа, врз основа на странски директни инвестиции, во првиот квартал од 2019 година се остварени нето-приливи од 21,6 милиони евра.

Овие остварувања, според Народната банка, се резултат на нето-приливи кај сопственичкиот капитал 75,5 милиони евра и реинвестираната добивка 90,6 милиони евра, додека кај меѓукомпанискиот долг се остварени нето-одливи од 144,5 милиони евра.

Во првиот квартал од 2019 година, обврските врз основа на директни инвестиции се зголемија за 215,7 милиони евра, како резултат на нето-растот на обврските кај сите категории: реинвестирана добивка 93,8 милиони евра, сопственички капитал 78,8 милиони евра и меѓукомпаниски долг 43 милиони евра.

Средствата врз основа на директни инвестиции, како што стои во објавените податоци, се зголемија за 194,1 милион евра, главно како резултат на зголемените побарувања врз основа на меѓукомпаниски долг 187,5 милиони евра.

Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени позначајни нето-приливи од 157,8 милиони евра, главно поврзани со трговските кредити. На нето-основа, врз основа на странски директни инвестиции, во првите три месеци од годинава се остварени нето-приливи од 21,6 милиони евра.

Во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 162,5 милиони евра, главно како резултат на дефицитот во стоковната размена.

– Девизните резерви бележат умерено намалување за 5,6 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анѓушев објасни зошто странските инвестиции секој различно ги разбира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хит-видео: Од Германија се вратил да работи во Македонија, шивач му се заблагодари на премиерот што ќе зема 18.000 денари плата

Редакција

За ПЦР-тестови во приватното здравство граѓаните потрошиле околу 20 милиони евра, откриваат државните ревизори

Редакција

Надворешниот бруто долг на Македонија стигна до речиси 10 милијарди евра

Редакција