еМагазин
Image default
Локално

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!

Во ноември нѐ очекува најголемата спортска распродажба видена до сега во Македонија – Sport Vision Bazaar.

Распродажбата е организирана од страна на компанијата Sport Vision под мотото #СпортизирајСе со невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar, од 15ти до 24ти ноември 2019 во спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода. Најавена е супер богата понуда со голем избор на спортска облека, опрема и обувки за сечиј вкус и лавина од спортски попусти.

Инаку, компанијата Sport Vision во Македонија е присутна веќе 8 години и полека но сигурно прерасна во препознатлив бренд кој успеа да се поврзе со потрошувачите како со достапните цени, така и со квалитетот и асортиманот на колекции и брендови во својата понуда кои го одразуваат личниот стил и карактер.

Sport Vision е партнер на водечките светски брендови како Nike, adidas, Under Armour, Reebok, Timberland, Converse и други, како и лиценциран партнер за производство и дистрибуција на реномираните спортски брендови Champion, Umbro, Lotto, Ellesse, Lonsdale и други.

Од Sport Vision најавуваат дека она што ќе можеме да го видиме во Расадник во наредните 10 дена е нешто многу повеќе од обична распродажба и дека ќе ги надмине сите наши очекувања. Ќе бидат понудени сите можни категории на облека и обувки: зимски-летни, машки-женски, детски, за фудбал, за трчање и тренинг, итн. по цени кои досега не се видени во нашата земја.

Освен неверојатните попусти, предвидени се и одлични изненадувања и подароци за најсреќните купувачи. Секој ден ќе се подарува по еден велосипед, еден комплет тренерки+патики+јакна и еден утешен сет ранец+пешкир, додека на крајот на Sport Vision Bazaar на 24.11 компанијата на најсреќниот меѓу најсреќните ќе му додели ваучер за патување за двајца.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска посебен режим на сообраќајот во Скопје поради протест на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Жена од Гостивар со мали сипаници хоспитализирана на Инфективна клиника

Редакција

Дрска кражба во Скопје: Жена во години ограбена на улица

Редакција