еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Невработена, без имот, со редовна медицинска терапија: Што пишува во одлуката на Апелација за притворот на Јанева

Апелациониот суд Скопје го објави образложението за пуштање во куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Во него како причина за ваквата одлука на судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски, стои дека таа е жена и самохрана мајка, со редовна медицинска терација, е невработена и без имот.

„Апелациониот суд Скопје ги ценеше наводите истакнати во жалбите на обвинетата изјавена лично и преку нејзиниот бранител, со укажување дека неосновано спрема истата е определена најстрога предвидена мерка за обезбедување на нејзино присуство во текот на постапката, односно околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата.

Кривичниот совет на првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај постои основано сомневање доколку обвинетата биде пуштена да се брани од слобода, може да се даде во бегство, да се сокрие или на друг начин да биде недостапна на органите на прогонот заради одбегнување на евентуална кривична одговорност, ако се има во предвид видот, карактерот и природата на кривичното дело, степенот на кривична одговорност, видот и висината на запретената казна за ваков вид на кривично дело за кое се терети обвинетата, како и соочувањето со можноста за изрекување на ефективна казна затвор, а во таа насока, на опасност од бегство укажувале и материјалните прилики на обвинетата која не поседува недвижен имот на свое име и што истата по разрешување од функцијата Јавен обвинител е невработена“, пишува во образложението на Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Зоран Димитриевски, еден од судиите кој ја пушти Јанева во куќен притвор

Каков имот пријавил Сафет Кадрии, еден од судиите кој ја пушти Јанева во куќен притвор

Кој е Јани Нича, еден од судиите кој одлучи Јанева да оди во куќен притвор

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопските општини кои имаа најмногу заболени од корона вирусот, „паднаа“ под 200 активни случаи

Редакција

Ковачевски и Османи загрижени за експлозиите на полска територија

Редакција

Објавен оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства, но не и за скопското

Редакција