еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Невработеноста во ЕУ на најниско ниво во последните десет години

Стапката на невработеност во ЕУ и во Еврозоната е на најниско ниво во последните десет години, односно од почетокот на глобалната економската криза, сооошти денеска статистичката служба на Унијата, Евростат.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, во јуни 2018 година стапката на невработеност во ЕУ била на 6,9 проценти. Во истиот месец лани таа изнесуваше 7,6 отсто.

Земјите членки со најниски стапки на невработеност се Чешка со 2,4 отсто и Германија и со 3,4 проценти, додека највисока невработеност има во Грција со 20,2 отсто и Шпанија со 15,2 проценти.

Што се однесува до невработеноста на младите под 25 години таа минатиот месец изнесувала 15,2 отсто, додека во јуни 2017 година беше 16,8 проценти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Кредибилитетот на ЕУ ќе биде загрозен без датум за преговори со Македонија

Редакција

Бајден и кажал на Фон дер Лајен проширувањето на ЕУ да продолжи и да ја вклучи и Македонија

Редакција

Блокирањето на европскиот пат на Македонија ќе го забави и развојот на регионот, вели бугарскиот европратеник Ќучук

Редакција