еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Независната културна сцена загуби ѕвезда – почина Милиана Ленак

Македонската независна културна сцена загуби голем борец откако вчера на 41 година почина актерката и режисерка Милиана Ленак.

Таа беше основач на „Буден театар“, една од ретките независни театарски дружини во земјава, како и основач на Меѓународниот фестивал за детски театар „Фенер“, можеби единствен кој го негуваше куклениот театар.

Ленак беше и текстописец и зад себе остави повеќе театарски претстави, монодрами и филмски улоги.

Таа дипломира на театарската академија „Крсто Сарафов“ во Софија, а постдипломски студии по режија има на Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Населението е во голема опасност, поради недостаток од Д витамин

Редакција

(Фото) Димитров прими „бустер“ доза: Чисто да се знае, не сум во возрасната група за која посебно се препорачува

Редакција

Осигурениците нема да плаќаат партиципација за здравствени услуги поврзани со Ковид-19

Редакција