еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ни чекор напред против загадувањето: Почнаа смрдливите скопски денови

Студените утра и ноќи во Скопје повторно го донесоа загадувањето, замаглувањето и смрдеата во главниот град. Станува очигледно дека веднаш откако залади мнозинството граѓани почнаа да ги палат печките и да користат дрва, нафта, но и пластика и што уште не за да затоплат домовите.

И покрај најавите на градската и централната власт за одлучна борба против загадувањето во изминатиов период граѓаните не видоа ниту еден конкретен чекор што би придонел за намалување на загадувањето.

Поради тоа, факт е дека и претстојнава зима не очекува смрдеа и загаденост над дозволените граници што секако негативно влијае врз здравјето на граѓаните, а посебно кај децата и хронично болните жители.

Неодамна, во Бугарија беа воведени казни за градските татковци кои нема да работат на намалување на загадувањето и се чини дека е крајно време овој пример да се следи и во Македонија, бидејќи во спротивно поради инертноста на градоначалниците, но и на Владата ќе се гушиме и наредната деценија и ќе се зголемува смртноста кај населението предизвикана од болести на респираторните органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза минатата година

Редакција

На невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19 за патување на грчките острови ќе им треба ПЦР или рапид тест

Редакција

Вонредни мерки против загадувањето во Скопје и Тетово

Редакција