еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ни порача ли Макрон од Самитот на ЕУ, дека за Македонија нема датум ни во октомври?

Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон на Самитот на лидери на ЕУ дека ќе блокира секакво проширување на Европската унија, откако земјите членки не успеаа да се договорат за именување кадар за раководните функции во Унијата, предизвика лавина од реакции во Македонија, но и во регионот.

„Скептичен сум кога ни објаснуваат дека иднината на ЕУ е во ново проширување, кога ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ“, изјави Макрон.

Од истиот Самит, порака до земјите од Западен Балкан, испрати и германската канцеларка Ангела Меркел, која изјави дека не очекува брз прием на земјите во ЕУ.

Колку време ќе и треба на ЕУ да ја направи реформата која ја замислува Макрон, останува да видиме, а она што не интересира нас, но и останатите земји од регионов е како тоа ќе се одрази на нашиот пат до ЕУ.

Во случајот на Македонија, кога е во прашање мислењето на Франција, не се само овие реформи, кои се однесуваат на членките на ЕУ.

Преку амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, Македонија континуирано добива домашни задачи кои треба да ги направи за да го добие толку посакуваниот датум за старт на преговорите со ЕУ.

Од Законот за јавно обвинителство, кој ја одредува иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се уште нема абер, ВМРО-ДПМНЕ допрва подготвува нова верзија, а општо познато е како за сега се справуваме со нашите најголеми проблеми- корупција и криминал.

А Франција дефинитивно не е осамена во барањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги урна ли Макрон сите надежи за преговори во октомври?

Францускиот претседател Макрон: Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ

Mеркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Прекинат Самитот на ЕУ, лидерите неможат да се договорат кој ќе ја води Унијата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вози Нисан: Каков имот пријавила судијката Софија Лаличиќ

Редакција

Омилениот бренд за аксесоари поблиску до Вас: Отворање на нови продавници Parfois во Тетово и Битола

Редакција

МВР ги повикува граѓаните да не потпаѓаат на шпекулации со кои се шири паника и страв

Редакција