еМагазин
Image default
Македонија

„Ние бевме тие кои со нашите пушки Ве симнавме од власт“, му одговори командант Малишева на Мицкоски

Мухамед Красниќи познат како командант Малишева на Фејсбук му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој коментираше дека осудениците од кумановската група му слугуваат на премиерот Зоран Заев за да добијат помали казни.

“Драги пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот.

Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски не нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев.

Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте Вие раководството на ВМРО, Вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, Вие заслужувате затвор не ние.

Ние бевме тие кои со нашите пушки Ве симнавме од власт Вас и вашите руски поддржувачи, а Вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор.

Е сега Вие сте терорист кој ја тероризира демократијата и се спротиставува на гласот на граѓанинот или ние кои го паднавме вашиот режим на чело со најголемиот криминалец и терорист Никола Груевски.

Дали ние сме тие кои го бранат нашиот народ од Вас или Вие ли сте криминалци кои го ограбуваат својот народ. Ние сме херои, а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние и служиме на правдата.

А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со Вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ, ниту со другите“, пишува Малишева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој му дозволува на командантот Малишева да си пишува статуси на Фејсбук, нели телефоните се забранети во затвор

Мицкоски за писмото од кумановската група: Осудениците од Диво Насеље му слугуваат на Заев за да добијат помала казна

Кумановската група со писмо им се закани на Ахмети, Груевски и Мијалков

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Фото: Фејсбук/Малишева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мнозинството во Собрание предлага да се прецизира во Деловникот дека присуството на седници може да биде физичко или онлајн

Редакција

Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени

Редакција

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 4 нови пациенти

Редакција