еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ние го плаќаме Османи или Бугарите?

Бугарија не барала, ама македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи им нуди на Бугарите место во Уставот. Пред некој ден им и понуди и посебна графа за пописот, а тие во Македонија се попишуваат од 1948 година.

Малку ненормални барања имаат Бугарите, па уште нови идеи им дава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Број на етнички Бугари во Македонија од 1953 до 2002 година

А да прашаше како се Македонците во Бугарија, не за друго ние го плаќаме, не Бугарите. Ама таму колешката му Екатерина Захариева вели дека немало Македонци. Бугарска логика. Овде има Бугари, во Бугарија нема Македонци. Да се чудиш. А соседи.

Не смее да праша оти ќе го прекрши Договорот со Бугарија, што не важи за бугарските политичари кои го прекршуваат на неделно ниво, со постојано мешање во внатрешните работи на Македонија.

За тоа може да кажеше нешто, ама не кажува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Или да прашаше како се Македонците во Албанија, до каде тие таму стигнаа со остварувањето на основните права. Еве со Албанија немаме договор да се откажеме од нашето малцинство таму.

А добро знае да се растрча кога треба. Ви текнува кога изиграваше инспектор за употребата на албанскиот јазик или кога ептен се ангажираше да се ослободи Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен во Македонија со потерница на Интерпол.

Да работеше во некоја фирма досега отказ ќе добиеше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Уставот изгледа е кафана. Кој стигне влезе“: Твитер реакции за предлогот на Османи и Бугарите да влезат во Уставот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Манастирот „Св. Порфириј“ во Газа, прибежиште за стотици Христијани и Муслимани

Редакција

Твитер „зовре“: Лажниот цепелин на Столе може вода да му носи на лажното вакцинирање на Филипче

Редакција

ДУИ го прекршила законот, добила повисока донација од законската, утврди Антикорупциска

Редакција