еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Германија ја подржува евроинтеграцијата на Македонија, порача од Скопје германскиот шеф на дипломатијата Мас

Никој во Европската унија не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија, порача денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на прес-конференцијата со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

-Оној, кој ќе успее да направи болни компромиси со своите соседи, кој ќе почне долгорочни реформи нему мораме да му ја отвориме вратата на ЕУ, тоа е духот на европскиот проект. Никој во ЕУ не ја доведува во прашање пристапната перспектива на Северна Македонија. Сега останува на нас да го дадеме сето она што ни стои на располагање, како поддршка од ЕУ да го искористиме, рече Мас.

Тој истакна дека последната средба со Димитров ја имал пред околу два месеца во Берлин, нагласувајќи дека изминатиот период имале повеќе средби, што како што рече „покажува колку сте важни и колку е важен пристапниот процес.

Нагласи дека посакувал неговата посета да се одржи во подобри околности, но нагласи дека мора да се гледа напред кон иднината. Додаде дека не биле задоволни од одлуката на Советот, но напомена дека не се откажуваат.

-Потребна ни е согласност на сите во ЕУ и ќе продолжиме да работиме со луѓето од Северна Македонија, рече Мас и додаде дека стабилен и демократски развој е во интерес на сите граѓани.

Димитров нагласи дека оваа посета е јасна порака дека Северна Македонија ја има поддршката од Германија.

-Ние како држава, но и како регионот имаме незавршена работа и разговаравме што престои за да имаме успех и ЕУ и ние, успех дома и за целиот регион на Западен Балкан, бидејќи колку ние имаме интерес да бидеме дел од ЕУ и ЕУ има интерес да бидеме дел од неа, рече Димитров и додаде дека регионот географски и припаѓа на Унијата.

Димитров ги оцени како извонредни билатралните односи со Германија и политичките и економските и нагласи дека ова година трговската размена со земјата ќе достигне над четири милијарди евра.

-Се надевам дека симболот на падот на Берлинскиот ѕид , кој беше еден вид кулминација на желбата на луѓето за слобода и демократија, за подавање рака и уривање на бариерите ќе ни даде поттик 30 години подоцна да ги рушуме една по една бариерите што нашиот регион го делат од ЕУ и ќе не поттурнат кон неповратно демократско трансформирање и мериторирање во ЕУ, рече Димитров.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ на претседателските избори оди со свој кандидат

Редакција

Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата

Редакција

Јанева: Чиста сум, не само Бојан Јовановски, туку и други без да знам го злоупотребувале моето име и презиме

Редакција