еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нина ќе стане библиотекарка во библиотеката на Владата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Нина Костовска, наша сограѓанка од Тетово, која својот живот го поминува со Даунов синдром.

Во разговор со премиерот Заев, соопшти владината прес-служба, таа ја раскажала својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала, при што истакнала дека во ниту еден момент не се откажала, ниту пак помислила на тоа.

Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници, и дипломирала на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители.

Нејзиниот животен став, Нина Костовска, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренела и во кампањата “See the ability not the disability”.

Низ разговорот претседателот на Владата на Република Македонија ги потенцирал како позитивни системски промени што се оствариле или што се спроведуваат во рамки на политиките за креирање општество еднакво за сите, во кое се почитуваат различностите како можност, а не како пречка, за вклучување во општествените текови.

Во разговорот со премиерот Заев, стои во соопштението, таа ја прифатила понудата да биде времено ангажирана како библиотекарка во библиотеката на Владата на Република Македонија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучи договор со Пуцко петрол вреден 1,9 милион евра

Редакција

Апелација ја уважи жалбата: Мијалков излегува од притвор

Редакција

84 се реинфекции: Нови 711 случаи на Ковид-19 од 3.197 тестови

Редакција