еМагазин
Image default
Интервју

Нина Николиќ: Темата жените во претприемништвото на DigitalK 2019 предизвик на Стартап Македонија

DigitalK, еден од топ 10 дигитални настани во Европа, се одржа во Софија. Тој е задолжителен собир за бизнис професионалци од C ниво, за инспиративни претприемачи и за сопственици на различни компании.

Преку дигиталната трансформација на настанот над 1.000 учесници се обидоа да го преобликуваат својот бизнис и да го направат конкурентен за сосема нов свет.

Токму на оваа тема разговаравме со еден од говорниците на настанот, Нина Николиќ, ко-основач на Стартап Македонија.

Кој беше предизвикот да се учествува на DigitalK?

-Толку многу работи можат да се променат на подобро кога почнуваме да комуницираме поефикасно. Ми беше вистински предизвик и чест да бидам единствениот говорник од нашата земја на осмото издание на DigitalK, слободно можам да кажам и една од најдобрите конференции за иновации и стартапи во Европа за темата која ми е драга, а тоа е жените во претприемништвото.

Што се можеше да се научи од настанот?

– Ние се осврнавме на повеќе тематики, но како клучни поенти кои би ги издвоила се разновидноста во организациите, компаниите и тимовите за стартапи кои создаваат придобивки за продуктивноста и финансискиот успех.

Дојдовме до заклучок дека клучниот показател за успешност на една стартап компанија е поврзан со различноста, како на пример, во тимот потребно е  да имате барем една жена, потоа на панелите/настаните да имате 50/50 поделба на полот помеѓу слушателите, и ред други примери кои се со крајна цел  да поставиме нови социјални норми.

Како главна препорака би потенцирала дека влијателните и моќните жени треба да ги зајакнат останатите жени, тоа значи дека кога ќе имаме подобра и поотворена комуникација помеѓу родовите ќе ги придвижиме работите напред.

Кој беа другите учесници на панелот?

– Навистина со задоволство говорев на едночасовен панел со неверојатни дами од бугарскиот стартап еко-систем: Елина Желева (design thinking), Мирела Јорданова (Google за стартапи), Милена С. Николова (професор и автор) како и Макс Гурвитс кој беше домаќин на панелот.

Ваквите настани секако се прилика и за вмрежување. Дали остваривте контакти со идни потенцијални соработници?

– Исто така, за време на дводневната конференција го претставував #SwissEP и ја презентиравме нашата програма Entrepreneur-in-Residence која е меѓународно признаена и за нас е од особено значење.

Наши потенцијални соработници со кои имавме средби се, Дарен Стауфер од Dealroom, Амстердам, Робин Wauters од Tech.eu, Себастијан Toupy од The ​​Next Web. Заедно со Игор Маџов ги споделивме активностите што Македонија ги презема за дигитализација на нашиот стартап екосистем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео/Галерија) Уникатност = Eye Cue + Rumor

Редакција

Мукаетов: Алкалоид има континуиран раст во изминативе 20 години

Редакција

Марија Кукуноска: Секој во својот дом треба да има ПП апарат, но и да знае да го користи

Редакција