еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка АД Скопје прогласена за најдобра банка за 2018 година на Europe Banking Awards

НЛБ Банка АД Скопје трета година по ред е прогласена за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА.

„НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија, со остварена нето добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година, што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси.

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата и посветеноста на сите вработени ја водат НЛБ Банка кон остварување на извонредни финансиски резултати.

Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка“, информираат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Над 1.200 учесници ја посетија интерактивната изложба на Гете институтот

Редакција

ЕВН донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали и 10.000 евра за приклучок на новата монтажна болница

Редакција

А1 Македонија донира безбеден безжичен интернет за дечињата на Клиника за детска хирургија

Редакција