еМагазин
Image default
Спорт

НЛБ Банка АД Скопје стана спонзор на Судиската комисија при Кошаркарска федерација

Дресовите на судиите, дел од Kошаркарската федерација, отсега гордо ќе го носат логото на НЛБ Банка. Ова е резултат на постигнатиот договор за спонзорство меѓу Судиската комисија при Кошаркарската федерација и НЛБ Банка АД Скопје.

„Драго ни е што најдобрата Банка во државата, стана дел од кошаркарското семејство и што нè поддржаа нас судиите и делегатите кои сме дел од тоа „семејство“. Со овој пријателски гест тие покажаа дека се општествено-одговорна компанија и претставуваат позитивен пример во бизнис заедницата.

Поддршката за нас е од огромно значење, a благодарение на ова спонзорство обезбедивме нова опрема за нашите членови, а со дел од средствата за првпат ќе развиеме нова онлајн платформа за дигитална едукација на судиите и нивно континуирано учење и усовршување, а тоа секако ќе значи и привлекување на нови и млади судии“, изјави Елена Велкоска, претседателка на Судиската Комисија при Кошаркарската федерација.

Судиската комисија при Кошаркарската федерација функционира во мошне динамична средина во која има повеќе од 110 кошаркарски натпревари неделно, што значи дека на терен активни се околу 160 судии низ целата држава, не сметајќи ги школските, средношколските и универзитетските натпревари.

Денес, Македонската кошаркарска федерација брои 85 членки (регистрирани клубови) со 3.500 регистрирани кошаркари во сите категории, сениорски или младински.

Како дел од заедницата во која функционира, НЛБ АД Скопје е свесна за важноста од промоција и поддршка на вистинските вредности како и потребата да се инвестира во проекти од областа на спортот, едукацијата и културата. Во оваа насока тие и во иднина ќе продложат да ги стумулираат овие сегменти во општеството и да бидата пример за социјално одговорна компанија.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема чест: Македонската судиска двојка Начевски и Николов ќе го суди финалето на Светското првенство во ракомет

Редакција

(Видео) Како се славеше победата на Аргентина во Буенос Аирес

Редакција

(Фото) Пандев се опрости од македонската репрезентација на натпреварот со Холандија

Редакција