еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Од утре почнува исплатата на пензиите во НЛБ Банка

Согласно моменталните случувања со пандемијата на корона вирусот, во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите на 25 март, среда, информираат од таму.

“Во насока на поголема заштита, од 25 до 27 март пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28 март пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката.

Поради моменталната кризна ситуација, експозитурите на Банката имаат изменето работно време, па затоа се препорачува пред посета на некоја експозитура да се провери работното време на веб страницата на Банката: www.nlb.mk

Тргнувајќи од мерките за заштита на пензионерите, Банката апелира да се намалат посетите во експозитурите, при што на клиентите на располагање им стои широка мрежа банкомати со 24 часовна достапност.

Исто така со цел намалување на користењето на готовина, средствата на клиентите им се достапни за вршење на безготовински трансакции со платежните картички или преку електронско и мобилно банкарство“, велат од НЛБ Банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ивановски и Поп Арсова срушија два државни рекорди: 2.000 тркачи на Skopje Run 10K

Редакција

Пендаровски им додели Орден за заслуги на седуммина уметници

Редакција

„Жито“: Придонесуваме за дополнителна стабилност на државниот буџет

Редакција